Кој е виновен за бегството на Игор Спасов од затвор – Обвинителството отвори истрага


Јавното обвинителство во Шитп по допрен глас ќе истражува дали кај некој има кривична одговорност за бегството на Игор Спасов кој го уби момчето Мартин Нешковски.

Обвинител ќе ги испитува околностите под кои е донесено решението за прекин на издржување на затворската казна односно даде е насока да е провери лекарската документација за Спасов како и целокупната постапката во која е донесено решението, јавува Плусинфо.

Игор Спасов на слобода поради наводни здравствени причини се наоѓа од летото лани. По последното продолжување на отсуството од затвор тој требаше да се јави на капијата во Идризово, а откако не се појави, се распиша и меѓународна потерница бидејќи надлежните не успеаа да го лоцираат на територијата на Македонија.

-Спасов Игор, од т.Слободанчо м.Аница, роден 22.12.1978 година во Штип каде и живее, се бара со наредба ПК бр.6/18 издадена од Основен суд Штип за сторени кривични дела по чл.123 и чл.386 од КЗ на РСМ за доиздржување на казна затвор од 7 години и 3 месеци, пишува на сајтот на МВР.

Инаку, Спасов на 18-ти требаше самиот да се врати во затворот Идризово, откако му истече условниот прекин на казната, но тој не се појави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1