Кој е кој меѓу новите министри од ДУИ


Собранието ги објави биографиите на идните членови на Владата на Македонија, кои ќе дојдат од редовите на ДУИ. Речиси сите имаат високо образование, биле еколошки активисти, но и членови во граѓански и во невладини организации.novkadar-dui-640x320

Најмладиот нов иден член во Владата е роден 1990 година, а најстариот 1977 година. Само еден е роден во странство, а останатите во земјава.Од понудените имиња, техничкиот премиер Димитриев не прифати две од списокот на Ахмети. Станува збор за Арлин Зекири и Беким Максут. Првиот беше кандидат за министер за привлекување странски инвестиции, а вториот за заменик министер за одбрана.

Димитриев се одлучи за следните предлози на Ахмети:

Ширет Елеси, која ќе биде министерка за локална самоуправа, е родена 1981 година, во Франкфурт, Германија. Доктор е по економски науки, а моментално работи во Општина Гостивар. Мажена е, а освен мајчиниот јазик, говори српски, хрватски, чешки, германски и македонски.

Новиот министер за економија, Башким Амети, е роден 1983 во скопско Глумово. Вработен е во Агенцијата за управување со одземен имот, а има положено и нотарски испит.

Арбр Адеми (роден 1985 година) од Куманово, дипломирал на универзитетот во Тирана, а до вчера беше асистент на Државниот универзитет во Тетово. Адеми, заедно со неговиот сопартиец Фестим Халили кој е доцент на Правниот факултет во Тетово се предложени за министри без ресор.

Одговорниот за подмладокот во Чаир, Дритон Кучи (роден 1987 година) е предложен за министер за економија. Магистер е по правни науки, а до вчера беше асистент во ДУТ. Иден министер за правда ќе биде Валдет Џафери, родум од Гостивар. Работел како советник во кабинет на поранешен министер за правда, а дипломирал на ДУТ. Триесетгодишниот Пристан Љутфиу, магистер по политички науки, е идниот министер за образование и наука. Работел како советник во владата, во секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор.

Идниот заменик министер за полиција е тетовецот Агум Нухиу. Тој е најстар од сите нови кандидати на ДУИ, има 37 години. Дипломирал на Правниот факултет во ДУТ, а до вчера беше продекан на истиот универзитет. Нов заменик министер за транспорт и врски ќе биде стружанецот Фатон Положани, кој е роден во 1990 година. Дипломирал на ДУТ, а до денеска работел како советник за односи со НВО при кабинетот на заменикот претседател на Владата.

Гзим Беадини. Тој е единствениот од сите кандидати кој во исто време има две работни места. Иако е роден во 1988 година во тетовското село Голема Речица, економскиот магистер Беадини работи во фирмата „Пнеуматик груп“, ама и како советник во Министерството за образование и наука. Беадини ќе биде иден заменик министер за финансии.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Кој е кој меѓу новите министри од ДУИ”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.