Коневски: Не формирам партија, за мене постои само ВМРО-ДПМНЕ


Постојат многу шпекулации во јавноста дека учествувам во формирање на некоја нова политичка партија. На креаторите на овие информации сакам да им порачам дека за мене постои само една партија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Знам дека тоа на некои луѓе не им одговара, но тие треба да разберат дека тоа што јас и дел од раководството на партијата можеби имаме различно мислење за одредени прашања е секако здраво за зајакнување на демократските капацитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Сметам дека сите ние заедно имаме само една цел, а тоа е Македонија да оди напред. Само со сплотени сили и конструктивен пристап можеме да победиме на претстојните избори.

А, на оние што посакуваат раскол во нашите редови уште еднаш им испраќам порака дека секогаш сум работел и ќе продолжам да работам единствено на обединување и победа на ВМРО-ДПМНЕ и на ништо друго.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1