Конгресот ги потврди гласовите од Изборниот колеџ, Бајден е нов претседател на САД


Членовите на американскиот Конгрес ја потврдија утрово победата на кандидатот на Демократската партија Џозеф Бајден на претседателските избори, откако ги отфрлија сите приговори за гласовите на гласачите во сојузните држави.

По долга ноќ, обележана со упад на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во Конгресот и четиричасовната окупација на зградата, при што загинаа четири лица, официјално беше потврдена победата на Бајден на изборите во ноември.

Американскиот Конгрес вчера почна заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот, на која беа објавени гласовите на гласачите во сојузните држави.

На изборите на 3 ноември гласачите не гласаа директно за Бајден или Трамп, туку избраа гласачи кои формално го избраа претседателот со тајно гласање на 14 декември. Медиумите тогаш објавија дека Бајден ги добил потребните 270 од 538 изборни гласови, како што беше предвидено четири дена по изборите.

На вечерашната специјална седница, членовите на Конгресот имаа можност да се спротивстават на резултатот од гласањето во секоја сојузна држава.

Иако голем број републиканци најавија дека ќе поднесат приговори до шест држави, многумина се откажаа по насилството, а приговорите беа поднесени само како резултат на изборните гласови во Аризона и Пенсилванија, но и тие беа одбиени.

По објавувањето на резултатите во сите 50 федерални држави и Дистриктот Колумбија, Бајден доби 306 електорски гласови, што официјално ја потврди неговата победа. За Трамп гласаа 232 електори.

Бајден треба да ја преземе функцијата на 20 јануари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1