Коѕијас: Македонија може да се распадне


Во случај на евентуална нестабилност на Македонија, би можела да се распадне и тоа би било најлошото сценарио, изјави во интервју за грчката телевизија ЕРТ министерот за надворешни работи Никос Коѕијас. Тој во гостувањето во грчката телевизија потсети дека референдумот е консултативен и дека не е предуслов за реализација на Преспанскиот договор, кој беше потпишан од страна на министрите за надворешни работи на двете земји.

Во случај на евентуална нестабилност на Македонија, би можела да се распадне и тоа би било најлошото сценарио, изјави во интервју за грчката телевизија ЕРТ министерот за надворешни работи Никос Коѕијас.

Според него, најдобра политика за иднината на Балканот е соработка помеѓу Грција и Македонија.

Коѕијас во гостувањето во грчката телевизија ЕРТ потсети дека референдумот е консултативен и дека не е предуслов за реализација на Преспанскиот договор, кој беше потпишан од страна на министрите за надворешни работи на двете земји.

Тој потенцираше дека во последните 20 години во Македонија не е исчистен избирачкиот список и дека 300.000 луѓе се наоѓаат надвор од земјата, а се дел од избирачкиот список.

Референдумот не е услов ниту предуслов за спроведување на договорот од Преспа, смета Коѕијас. Во интервјуto тој вели дека премиерот Заев и претседателот Иванов биле избрани со помал број гласови од тие што ги доби опцијата „ЗА“ на референдумот. Коѕијас во интервјуто откри дека прогнозите на македонската влада за излезност на референдумот биле меѓу 40 – 45 проценти додека Грција прогнозирала излезност од 40 до 42 отсто.

– Договорот вели дека референдумот е избор на Владата на Скопје, но не е ниту услов, ниту предуслов, ниту правно барање за имплементирање на договорот, ова е од голема важност. Сега одиме на политичкиот дел. Голем процент е 37 – 38 отсто излезност, на прв поглед кога некој го гледа, ако не ги знае балканските политики и политиката на Скопје и нивната реалност, ќе каже дека е мал. И логично е, но, ако знае колку гласови се овие 37-38 отсто и што се случи на претходните избори, тогаш ќе сфати одредени работи, изјави Коѕијас за ЕРТ.

Во интервјуто за ЕРТ, Коѕијас меѓу другото истакна дека добрите односи меѓу Македонија и Грција се од клучно значење за стабилноста на регионот и дека заедно треба да работат на стабилизирање на Македонија бидејќи со тоа ќе се стави крај на сите идеи за големи држави на Балканот.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Коѕијас: Македонија може да се распадне”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.