Крај за смрдеата во Скопје – се инсталираат подземните контејнери


Подземни контејнери за собирање на комунален и друг вид неопасен отпад наскоро ќе бидат во употреба.

Започна нивното поставување. Според планираното ќе се постават 47 контејнери на 15 локации во центарот на главниот град.

Овој проект ќе го реализира општина Центар во соработка со Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, а чини 33 милиони денари. контејнерите ќе се со зафатнина од 3 и од 5 кубни метри и имаат капацитет околу четири стандардни контејнери.

Бидејќи се под земјата нема да зафаќаат место, да го нагрдуваат градот а и во нив ѓубрето ќе се складира на пониска температура, што ќе допринесе за намалување и на непријатната миризба.

Контејнерите ќе бидат и под видео-надзор за да се има прегледност колку место за отпад има. Предвидено е да се празнат со дигалка и тоа кога ќе бидат исполнети 100 проценти. Системот што ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите, е на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот.

Share Button
MK News

Автор инфо

One Response to “Крај за смрдеата во Скопје – се инсталираат подземните контејнери”

  1. Ајнштајн #

    Смрдеата ја предизвикуваат луѓето, а не контејнерите. Не треба да се менуваат контејнерите туку луѓето што ги користат, инаку каков и контејнер да им ставиш – џабе ти е.

    07/12/2012 10:26 at 10:26 Reply

Остави коментар

UA-33057274-1