Кривична пријава за екс вработени во ФФМ за проневера од 2,4 милиони


Финансиската полиција поднесе кривични пријави против 11 физички и 14 правни лица, поврзани со проневера на 2.4 милиони евра во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ),

Како главни осомничени за овој криминал во ФФМ се наведуваат поранешниот претседател Илчо Ѓорѓиоски, поранешната сметководителка на федерацијата Олгица Младеноска, и уште девет други физички и единаесет правни лица, за како што се наведува со соопштението проневера на 2,4 милиона евра само за периодот 2015 до 2019 година, преку фиктивни фактури, плаќање производи и услуги кои никогаш не ги користела Федерацијата, подигнување кеш пари, за група градежни компании кои фиктивно биле ангажирани за работи кои никогаш не ги изградиле, за група преку која ваделе кеш за фиктивните услуги што наводно ги правеле за ФФМ, како и третата група која трошела пари за скапи чевли, облека и чанти.

Како што стопи во соопштението Управата за финансиска полиција рабела на откривање на криминалот во ФФМ повеќе од осум месеци и имаат докази за направениот криминал.

На кривичната пријава се огласи актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини кој преку соопштението објавено на сајтот на федерацијата истакна дека прв човек на мак-фудбалот го пријавил овој случај, и дека ќе продолжи да соработува со надлежните институции со цел што побрзо да се дојде до целосно расчистување.

„И тогаш кога пријавивме сомнение за проневера, но и сега, мојот и секако ставот на Федерацијата е дека единствено институциите, односно во овој случај, Јавното обвинителство и истражните органи треба да ја водат истрагата пријавена од наша страна, а ние сме должни да соработуваме и да ги доставиме сите потребни документи до истражните органи за расчистување на целиот процес“, се вели меѓу другото во изјавата Сејдини, кој нагласува дека тој како претседател на ФФМ, заедно со надлежните институции ќе продолжи да соработувам со институциите за расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1