Кризна состојба во целата држава побара Советот за безбедност


Владата утре ќе прогласи кризна состојба во цела држава поради коронавирусот во трање од 30 дена. Ова го предложи Советот за безбедност по денешниот состанок на кој беше оценето дека исклучително сериозна е ситуацијата во Ковид-19 во земјава. Кризната состојба ќе овозможи армијата да помага на полицијата и здравството, а во тој период државата ќе менаџира и со приватните болници кои со кадар, опрема и простор ќе бидат вклучени во третманот на пациентите.

-Во кризна состојба има законска можност владата да управува со ресурсите на државните органи, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, како и Градот Скопје, но и на трговските друштва, во овој случај приватните здравствени установи. Не станува збор за национализација, туку евентуално за нивно управување, но само таму и во обем за кои владата ќе процени дека е потребно. Нема да биде национализација, па да имаме нов газда, туку државата ќе биде менаџер во наредните 30 дена. Законски, обесштетувањето не може да биде повеќе од 30% од пазарната вредност, изјави Претседателот Стево Пендаровски.

Што ќе значи ова за пациентите, дали и колку ќе плаќаат доколку за време на Кризната состојба користат здравствени услуги во приватна болница Владата дополнително ќе прави проценка.

-Со оглед на тоа што ова прв пат се случува, денеска за многу кратко време ќе направиме проценка со сѐ што се располага и заеднички со нашите државни капацитети и ќе се направи план за работа, рече министерот за здравство Венко Филипче.

-Приватните болници го користат здравствениот фонд по различни основи и тој продолжува да ги испорачува сметките, да ги плаќа фактурите на приватните болници. Досега беа управувани јавните институции сега ќе бидат и приватните, додаде Премиерот Зоран Заев.

Прогласувањето на кризна состојба не значи воведување полициски час ниту карантин. Од Владата не ја исклучуваат можноста да наредат ограничување на движењето во наредениот период доколку тоа го предложи Комисијата за заразни болести.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1