Ла Верита: Пендаровски ги пушта низ вода специјалната обвинителка и премиерот


Претседателот Пендаровски ги пушта низ вода специјалната обвинителка и премиерот. По нашите откритија по однос на случајот со изнудата, Србија и САД бараат транспарентност. Пендаровски го става Заев во ќош – пишува италијанскиот весник Ла Верита во денешното издание.

Ви ја пренесуваме во целост целата информација на новинарот Ларис Гајзер.

Предизвиканиот земјотрес од објавените документи од страна на Ла Верита кои докажуваат корупција во македонскиот политички и судски систем го изолира премиерот Зоран Заев и внатрешно и надворешно. САД, освен што пратија свој претставник на консултација со македонскиот претседател Пендаровски, испратија и силна критика кон владата во Скопје, преку радиото Voice of America. По нивна линија, Пол МекКарти од ИРИ, подвлече дека кај меѓународната заедница постои силно стравување дека идејата за правда во Македонија е прегазена поради откриените факти. Попладнето, амбасадорката Кејт Барнс, потенцираше дека скандалот мора итно да се расчисти во согласност со меѓународните закони.

Србија

Дури и претседателот Вучиќ почуствува потреба да се произнесе по однос на случувањата. На прес конференција во Белград , Вучиќ како да сакаше да му даде добронамерно предупредување на Заев – подлвече дека создавањето на едно специјално обвинителство во секој случај не можело да биде решение за лошите работи во Македонија, и дека е информиран дека тоа што досега е објавено од наша страна е само почеток на една долга приказна. Принуден од нашите откритија и охрабрен од Американците и Французите, претседателот на Македонија вчера свика прес конференција на која призна, како граѓанин, дека е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и од фактот дека главните обвинители (вперувајќи прст со ова и против Јанева и против државната обвинителка за организиран криминал Рускоска) се на одмор токму во период кога државата е во длабока криза. Со вчерашната прес конференција претседателот Пендаровски се оддалечи од неговиот политички тутор Зоран Заев, зазема еден висок институционален профил и всушност побара помош со цел да не остане сам, свесен за фактот дека се наоѓа на врвот на една држава којашто има високо корумпиран судски систем.

Велејќи дека не сите судии се корумпирани, и дека е подготвен да ги искористи сите средства што ги има на располагање со цел совесните судиите да можат да работат на независен начин, само ја призна разочараноста што ја чувствува мнозинството македонски граѓани и се “кандидираше” да ја заземе улогата на спасител на татковината во моментот кога режимот на Заев, напуштен од сите, дефинитивно ќе падне. Во едно сценарио, во кое поради доказите изнесени од нас, и на оние кои уште се анализираат, Заев изгледа осуден на лош крај, а Пендаровски постанува единствен гарант за евро-атлантската перспектива на Македонија.

Иднината

Се работи всушност за човекот за којшто во моментов странските главни градови изгледаат со намера да се обложат на една мека и демократска транзиција, што е можно појасна. Како и да е, тој знае дека го чека тешка задача со оглед на тоа дека Вилма Рускоска е таа што ги води oбвиненијата за организиран криминал, омилената обвинителка на Заев, на којашто актуелниот премиер сака да и го даде мандатот на специјален обвинител на местото на Јанева, односно на сите случаеви за корупција кадешто и тој можеби е вмешан. Како што имавме прилика да пишуваме за екс-премиерот на конзервативците осуден за корупција, Никола Груевски, на целиот свет му е јасно дека дури премиерот и да не бил вмешан во корумпираниот систем којшто го обелоденивме, тој објективно е виновен за лошите работи што и се случија на Македонија поради неспособноста да ја води државата и неискоренувањето на криминалот што се ширел. Меѓународната позиција на Заев е дополнително загрозена, во генералниот контекст на нашите објавувања, со оглед на тоа дека дури и Шведска интервенираше во последните часови, една од најдемократските земји. Судот во Шведска го одби барањето за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет од Вилма Рускоска за тероризам бидејќи бил вмешан во упадот во Македонскиот парламент во 2017. По приведувањето по барање на Интерпол, шведските судии, не само што одбија да продолжат со екстрадиција на македонскиот граѓанин со оглед на нивната убеденост дека тој е жртва на политички прогон и дека во татковината тој не може да има фер судење , туку дури и му советуваа на прогонетиот да побара веднаш политички азил во нивната држава. Тешко дека македонскиот политички и судски систем можеше да добие поголем укор од страна на либералните демократии. Но, за жал на претседателот Стево Пендаровски, токму овие лица, тие што се сметаат за политички агенти на западот, се тие што ги водат институциите на коишто тој се надева со цел да донесат правда. Корумпираниот никогаш нема сам себе да се осуди. И, еве тој во овие часови за да има што е можно поголема меѓународна поддршка, се обидува да ја разјасни ситуацијата со што е можен поголем број странски главни градови.

Нападите

– За време на прес конференцијата почуствува (Пендаровски) дека треба да одговори на апелот на Антонио Милошоски, претставник на опозицијата, којшто се изјасни дека е запрепастен од изјавите на професорката Ана Чупеска, член на една комисија по пат на номинација од претседателот, којашто тврди дека е сигурна оти зад нашите откритија стојат “фашистите” Салвини и Берлускони. Македонскиот претседател веднаш разјасни дека не го смета Салвини за фашист и дека тој е демократски избран во пријателска земја и на тој начин го удри во корен нејзиниот обид за политизирање на нашата борба за законитоста и доброто на Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1