Лекарите ќе добијат повисоки плати


25% повисоки плати добиваат лекарите-специјалисти од февруари. Примањата, за 15% се зголемени и за општите лекари, 10% за медицинските сестри и 5 за здравствените соработници.

Ова го договорија Министерството за здравство и здравствени синдикати.

На овој начин, министерот Филипче смета дека ќе се реализира ветувањето за 100.000 денари плати за специјалистите.

Задоволство за зголемувањето на платите на 15 илјади здравствени работници изразија и од Синдикатот на Клинички центар, чиј претседател, д-р Горан Беговиќ, неодамна изјави дека доколку нивните барања се исполнат, владејачката партија може да смета на нивната поддршка. Денеска Беговиќ нагласи дека изјавата е погрешно протолкувана.

Инаку, повеќе пари ќе се издвојуваат и за армијата. Министерството за одбрана и Независниот синдикат на одбраната го потпишаа новиот колективен договор, каде е потврдено зголемувањата на платите на војниците за 16%, ќе се решава станбеното прашање на вработените, а предвидена е и еднократна солидарна помош без разлика на местото на живеење.

Претходно СОНК и МОН договорија повеќе пари за просветарите, кои од јануари ќе добиваат плата повисока за 10%.

Сите зголемени примања треба да се предвидени и во новиот буџет, за изборната 2020, за кој премиерот Зоран Заев потврди дека ќе се гласа утре на владина седница.

Дел од медиумите известија дека буџетот за наредната година ќе изнесува дури 4,4 милијарди евра, но потврда за тоа колку точно ќе тежи и за што ќе се трошат парите, ќе се знае откако буџетот ќе го помине утрешниот филтер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1