Летаат пендреци во Центар – Веритас се судри со полицијата, Жерновски извлечен


Демонстрантите од здружението на граѓани Веритас се судри со полицијата. Како што информира репортерот на Press24 од терен, инцидентот настанал кога требало да почне седнцата.

centar policijaРеволтираните граѓани ги скриле катанците и влегле во дворот на општината, со цел да го спречат Советот да ја одржи седницата на која треба да се измени урбанистичкиот план и од него да се избирше црквата Свети Константин и Елена.

Во обидот да ја контролиаат ситуацијата полициките службеници примениле сила при што биле поделени и неколку пендреци. Во моментов граѓантие се околу бараката каде што се одржува седницата, а Жерновски бил извлечен од салата.

13:20 Со прерипување на оградата, граѓаните влегоа во дворот на општината и со свирежи и тропање, пред бараката каде се одржа седницата, го покажуваат својот револт.

13:25 Почнаа првите судири меѓу демонстрантите од Веритас и полицијата. Полицајците ги потиснуваат демонстрантите со употреба на пендреци. Револтот на граѓаните расте од тврдоглавоста и упорното инсистирање за поминување на одлуките со кои ќе се доведе до рушење на црквата. Демонстрантите при судир со полицијата која им бранеше да влезат во бараките, ја откорнаа оградата

13:30 Скршени неколку прозорци од бараката каде се одржува седницата. Полицијата спречила неколку лица да влезат внатре. Револтот кај граѓаните голем

13:35 Специјалните единици на МВР се распоредуваат околу општината. Граѓаните и понатаму се обидуваат да влезат внатре во салата каде се одржува седницата и да се уверат дали Жерновски навистина ќе го оствари ветувањето и ќе ја повлече точката за измена на ДУП-от

Курир

MK News

Автор инфо

One Response to “Летаат пендреци во Центар – Веритас се судри со полицијата, Жерновски извлечен”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.