Магистратура од Кембриџ за на ѕид: Се вратила во Македонија од лојалност, но џабе


Mагистрирав на Кембриџ и од лојалност кон татковината се вратив тука, а институциите ми ги затворија вратите. Вака ја започнува својата приказна за радио Слободна Европа, Ана Стојанов.
ana stojanovТаа конкурирала за местото помлад асистент по предмети од областа на психологија на Филозофскиот факултет, но и покрај магистратурата на еден од најпрестижните универзитети во светот, Универзитетот во Кембриџ, и покрај високиот додипломски просек од  9,76, и покрај многуте објавени трудови, бил избран кандидат со понизок просек и со помалку објавени трудови (1 објавени и еден даден во печат).
Постапката можеби е законска, но правдата и правото не се исто. Она за што се залага владата, што се промовира, конкретно таа Стратегија за спречување на одлив на мозоци, еве не се спроведува во конкретниот случај, јас за тоа протестирам.
 Јас тука имам семејство, јас сакам тука да се реализирам затоа и се вратив, меѓутоа ако бидам принудена со вакви пораки какви што ми се праќаат и би ја разгледала опцијата да заминам надвор од земјата.

Потоа Ана Стојанов се обидела битката да ја води институционално. Побарала средба со министерот за образование  и побарале да им испратам CV и ќе виделе што можат да направат, ченкала 1  месец за да на крај и каждека ако сметам дат да се жали до Државниот просветен инспекторат.

Ана Стојанов испратила и писмо до премиерот за да му посочи, како што вели, дека не секогаш институциите го спроведуваат она за што Владата се залага. Од Канцеларијата на премиерот ѝ одговориле дека „согласно Законот за високо образование, Канцеларијата на претседателот на Владата нема надлежност да влијае на постапката за избор на помлад асистент, помлад лектор, односно помлад уметнички соработник“.

Целото интервју на – Радио Слободна Европа 

 

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

3 Responses to “Магистратура од Кембриџ за на ѕид: Се вратила во Македонија од лојалност, но џабе”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.