Мајка на дете кое имало проблеми од вакцината – не измислувајте епидемија


Е сега, веројатно ќе си речете, што па сега оваа? Е па јас сум родител на дете наречено 0,0001 процент, статистички број според Чакаларовски. Мојот син кој сега ќе има две години (и се разбира има свое име и презиме) како предвремено родено дете, според медицинските правила, со вакцинирањето започна по шестмесечна возраст.

vakcinacija-500Веројатно такви се правилата, па после таа старосна граница до 14 месечна возраст, претпоставувам за да ги стигне нормално родените врсници, динамично беше вакциниран и во неколкуте термини (четири) прими дузина вакцини. Притоа, после секој циклус вакцинирање во рок од седум до десет дена се разболуваше, прво закачи бронхитис, после вториот циклус вакцини – бронхопневмонија, за да на крајот, седум дена по примањето на ММР вакцината добие јувенален дијабетес (инсулин зависен).

И од тогаш, од своите 14 месеци до денес тој е дијабетичар. Со оглед дека нема генетски предиспозиции за вакво заболување, јас немам дилема дека ова автоимуно заболување е во директна спрега со вакцинцијата (па макар како иницијална каписла). Се разбира, после тоа престанавме со вакцинирањето и така ќе остане засекогаш.

vakcini Иако знам дека мојот син можеби цел живот ќе се бори со таа состојба и ниту еден закон колку и да е добар нема тоа да го промени, чувствувам должност дека мора ова да се обелодени и дека морам да направам се што можам за да спасам некое друго дете на кое може да му се случи слична или не дај Боже пострашна судбина.

Полемики немам намера да водам, кој види – види, кој чуе – чуе. И не плашете се, дијабетесот иако веќе во епидемски размери, не е заразен.

Наташа Д.Д.

 

vakcina04-500x306Родителите кои се залагаат  за промена на Законот за задолжителна вакцинација  би сакале да им се обратат на сите други родители во земјата и на одговорните институции во државата, во врска со прогласената епидемија на морбили во Скопје и следствено на тоа ширењето на страв и хистерично повикување на вакцинирање и потребата тоа да остане задолжително.

Епидемија по дефиниција, по Британската енциклопедија е избивање на заразна болест која брзо се распространува, при што се зафатени неочекувано голем број на индивидуи во исто време и во ист регион.

Според тоа 25 случаи во 3 месеци, во 9 општини, од кои 8 случаи се во најголемиот град  Скопје, на заразна болест која редовно се појавува секоја година во пролет во нашата држава, секако не одговара на дефиницијата на епидемија.

Во Програмата за задолжителна вакцинација, донесена од Владата на Р.Македонија во 2013 година, наведено е дека опфатот на вакцинацијата за мали сипаници е над 95%, а ревакцинацијата е со опфат од  98,4%.

Опфат на вакцинација од 95- 98%, според службената медицина  значи колективен имунитет  кој би ги заштитил невакцинираните. Зошто тие не се заштитени? Од  две причини:  прво, затоа што колективниот  имунитет се стекнува само и единствено преку природно прележување на одредена болест  (не и со вакцинирање), и второ, затоа што вакцините не се ефикасни и нашите деца залудно ги трујат, а следствено на тоа, нас не лажат.  Оваа појава на морбили само ги потврдува наодите на еминентни светски имунолози  и студии, дека заштитата која ни ја нуди вакцината трае од 2-10 год, и тоа само кај 20-50% од населението.

vakcinaПланот на Центарот за јавно здравје да вакцинира деца под една година „Ако епидемијата земе поголем замав“ е надвор од сите медицински и етички норми, затоа што производителот има ограничено искуство со толку млада популација, односно наведува студија со само 147 од 300 деца на кои е испитувана ефикасноста и безбедноста на вакцината на таа возраст и таа е споредувана со група исто така вакцинирани деца (наведено во Збирниот извештај на вакцината против морбили, рубеола и заушки ).

Ние не сакаме нашите деца да бидат експериментални заморчиња во експеримент на вакцина за која државата плаќа скоро 13 милиони денари годишно (Програма за задолжителна вакцинација на населението во Р.М. за 2013 год.).

Исто така ги информираме родителите дека морбилите се лесна заразна болест кај децата која поминува со благи симптоми и е пожелно да се прележи во детска возраст како би се стекнал траен имунитет, кој потоа мајките ќе го пренесат на своите новороденчиња и ќе ги заштитат во нивниот најранлив период од животот. За тоа природата го дизајнирала природниот имунитет, да не штити нас и нашите најмили, додека вакцината не само што НЕ  НЕ ЗАШТИТУВА, туку и создава трајно штета по здравјето на децата. Да наведеме само неколку несакани реакции кои може да се појават од оваа вакцина: инфекции на горен респираторен тракт, воспаление на средно уво, лимфаденопатија, фебрилни конвулзии, нервоза, несоница, бронхитис, кашлица, алергиски реакции, менингитис, тромбоцитопенија, енцефалитис, артралгија, артритис.

vakcina rakПроизводителот во истиот документ наведува дека “нема расположливи податоци за протективната ефикасност на вакцината„ но нам со Закон ни е наложено задолжително да ги вакцинираме децата со неа.  Дали ова има логика?  Таа логика, ние родителите не ја разбираме и се додека не ни биде соодветно објаснета ние нема да ги изложуваме децата на хемискo- биолошки напади од овој вид, без обѕир на сите заплашувања и прикривања на вистината.

Вашите податоци велат дека покриеноста на населението со вакцинација за вакцината BCG е 84%, а за хепатит Б 85%. Според ова и должите објаснување на македонската јавност зошто немате прогласено епидемија на туберкулоза или епидемија на заразени од хепатит Б? Да не споменуваме за евидентираните 39 заболени од Шарлах. Каде е тука ПРОГЛАСУВАЊЕТО на епидемија од Шарлах? Или НЕМА епидемија затоа што НЕМА вакцина?

За нарачаната епидемија од мали сипаници со две коцки мраз, бараме пред се МОРАЛНА, а после и друга одговорност од сите инволвирани надлежни институции и поединци.

vakcinacija

За користењето на пропагандни техники на “проблем-реакција-решение„ својствени на еден тоталитарен режим, а не на едно демократско општество во државава, време е некој да понесе одговорност. Повеќе од очигледно е дека институциите на државава го имаат заборавено своето основното, свето правило:  тие се тука во служба на своите граѓани! Колку да ги потсетиме споменатите: VOX POPULI ,VOX DEI – ГЛАСОТ НА НАРОДОТ Е ГЛАС ГОСПОДОВ!
Пратени се официјални дописи до меѓунардоните надлежни институции со барања за оценување на компетентноста, способноста и работењето на одредени македонски државни институции и поединци инволвирани во ваквото скандалозно објавување на епидемија на мали сипаници на пордрачјето на град Скопје.

Група родители за правото на избор за вакцинација

 

 

 

Референци:
http://www.merriam-webster.com/dictionary/epidemic

http://archive.indianexpress.com/news/measles-vaccine-protects-only-1-out-of-5-children-in-delhi-study/854162/; http://journals.lww.com/pidj/Abstract/1996/01000/Secondary_failure_rates_of_measles_vaccines__a.14.aspx

http://www.thelancet.com/journals/lancet/article/PIIS0140-6736%2898%2902364-2/abstract

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/3821823

http://www.cdc.gov/mmwr/preview/mmwrhtml/00000359.htm

https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/56260

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/8277201

MK News

Автор инфо

One Response to “Мајка на дете кое имало проблеми од вакцината – не измислувајте епидемија”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.