Македонецот кој создаде систем со кој нашиот дом ќе го контролираме преку телефон


Дарко Станојевски е млад Македонец кој го направи тоа за кое не мислевме дека може воопшто да се направи. Верувале или не, тој изготви систем со кој преку апликација дома и во канцеларија ќе можеме да запалиме светло, да вклучиме бојлер, да го изгасиме клима уредот…

Во интервју за Курир, говори за својот изум и бизнис

darko-Со моите двајца партнери Никола и Зоран, развивме иновативна технологија за таканеречен Smart House систем, кој што овозможува управување на сите електрични уреди во едно домаќинство од мобилна апликација. Ние го развивме потребниот хардвер и софтвер, продуктот е целосно наш и се работи за комплетна иновација, која е новитет и на светско ниво и моментален тренд во технолошкиот развој.

Концептот на нашето Smart House решение се базира на едноставен plug’n’play метод, за кој не се потребни никакви реконструкции на постоечката инсталација во домот или пак било каква дополнителна електонска опрема и кабли. Нашите Smart House производи се инсталираат многу брзо и едноставно, конфигурацијата е исто така многу лесна. Ракувањето е многу пријатно за крајниот корисник.

Со клик на мобилниот телефон, нашиот систем овозможува:

dejnost-Палење и гасење на светла, бојлер, ламби, клима, телевизор и секој друг електричен уред

-Отварање на електрична врата или гаража

-Автоматизација на прскалки и осветлување во двор

-Креирање на различни светлосни амбиенти во домот и нивна автоматизација

-Контрола и автоматизација на комплетниот дом или канцеларија преку smart phone

Колку ќе чини овој систем?

Цената на нашиот Smart House систем е зависна од големината на објектот каде што ќе се инсталира, меѓутоа можам да кажам дека ќе имаме сосема конкурентни, пристaпни и соодветни цени за нашиот пазар и пошироко.Во тек се последните тестирања на системот и организација на потребната инфраструктура. Следни чекори се основање на фирма и локална дистрибуција во Македонија , за во следен чекор да се склучат партнерства за пласман во околните држави. Долгорочна визија ни е застапеност и на глобалните пазари, вели Дарко

Целото интервју на – Курир

MK News

Автор инфо

One Response to “Македонецот кој создаде систем со кој нашиот дом ќе го контролираме преку телефон”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.