Македонија слави голема победа над Германија


Голема победа на Фудбалската репрезентација на Македонија на гостувањето против Германија.

Македонија победи со резултат од 2:1 со головите на Горан Пандев и Елиф Елмас и освои огромни 3 бодови во квалификациите за СП 2022.

Браво момци, Македонија е горда на вас!

Совладан е повеќекратниот светски и европски шампион Германија и тоа на нејзин терен во Дуизбург.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски храбро влегоа во дуелот со големиот фаворит и во првиот дел остварија водство со голот на Пандев.

Германците имаа иницијатива но делуваа немоќно благодарение на одлично организираната игра на нашата селекција. Во вториот дел подарок пенал од рускиот судија Карасев им овозможи на домаќините преку Гундоган да го израмнат резултатот.

Во продолжението од мечот Германија се обиде да нападне но Македонија не се повлече и преку Елмас постигна и втор гол за победа од 2-1.

Мора да се истакне дека нашата репрезентација беше оштетена и со недосуден пенал при резултат 1-1 откако Емре Чан играше со рака на првата статива.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1