Македонија: Старец паднал во шахта и починал


Тетовец на возраст од 77 години починал по пад во водоводна шахта, информира денеска СВР Тетово. Настанот се случил вчера во дворот од неговата куќа.

Полицијата информира дека околу 11 часот и 30 минути вчера во СВР Тетово пријавено е дека 77-годишниот Ј.Р. паднал во водоводна шахта во дворот од неговата куќа на улица „Коле Неделковски“ во Тетово и починал.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и при тоа не се констатирани траги на насилство, по што телото на Ј.Р. предадено му е на семејството.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1