Македонки и девојки од цел Балкан се проституираат на јахти во Црна Гора


Услугата чини од 500 евра на ден до 3.000 евра за викенд, а корисници најчесто се богати Руси што доаѓаат во Црна Гора на одмор, пишува Блиц.

Малолетна подгоричанка, која сакала да остане анонимна, поради желба да заработи голема сума пари на елитните забави што се организираат на скапи јахти по црногорското приморје, преживеала тешки моменти и малтретирање од човекот што ја навлекол во работата, пишува Телеграф.

Таа се обратила во „Сигурната женска куќа“ кога човекот ѝ се заканил дека ќе ја оттргне од родителите.

„Ја убедивме девојкaта случајот да го пријави во полиција. Таа ни кажа дека проституцијата е многу добро организирана, а девојките доаѓаат со јахтите на средина од морето, се прекачуваат на други јахти и така даваат сексуални услуги за пари, од кои процент земаат и посредниците“, за Блиц од Црна Гора изјави Лилја Раичевиќ, извршен директор на „Сигурна женска куќа“.

Таа тврди дека проституцијата цвета во Будва, но и во Бар, каде што корисниците на услугите се странци.Услугата чини од 500 евра на ден до 3.000 евра за викенд, а корисници најчесто се богати Руси што  доаѓаат во Црна Гора на одмор.

Се шпекулира дека во овој бизнис има и девојки од Македонија.

Извор: Телеграф.мк
MK News

Автор инфо

One Response to “Македонки и девојки од цел Балкан се проституираат на јахти во Црна Гора”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.