Македонски бизнис на иднината: Засади дрво Пауловнија и чекај профит!


Расте интересот на кај македонските земјоделци за производството на кинеското дрво Пауловнија (Paulownia). Фактот што за одгледувањето на ова дрво нема големи трошоци а светските пазари е меѓу најбараните дрва за производство на мебел, е доволна причина за зголемување на површините засадени со ова дрво.

paulovnija2Данаил Паланков од струмичкото село Муртино е првиот земјоделец кој иако беше еден од поголемите раноградинарски производители, одлучи да го напушти ова производство и на 10 хектари да подигне насад со пауловнија. Во моментов има 9.000 садници, а до есеn планира да ги зголеми на 13.000 садници.

Инвестицијата е околу 8.000 евра, се враќа со првата берба

Вложените средства се враќаат со првата берба односно по три години од засадувањето на садникот, што прави ова производство исплатлив семеен агробизнис. Пауловнијата расте еден метар за еден месец, за 7-8 години прави еден кубик дрвна маса, што ја прави конкурентна на другите дрва. Поради способноста за исклучително брзо време да го развие кореновиот систем, погодна е за засадување на ерозивни терени.

– Трошоците за одгледување не се големи. После секое сечење на стеблото кое се врши најчесто во седмата или во осмата година, самото се регенерира. Карактеристично е што стеблото се сече во било кое годишно време, односно не е врзано со сезони и куси рокови за собирање, како што е случај кај другите видови. Влогот е околу  2.500 евра за садници и 2500 за садење, орање и има 2500 евра за одржување на хектар. Вложените средства се враќаат со првата берба и сте во добивка од околу стотина илјади евра. Како се добива таа бројка,  па 800 дрва во хектар по 150 евра е околу 120.000 евра, и да има нешто потфрлено, заработка е тука некаде, вели Паланков

Од секој дел од пауловнијата се заработува

Секој дел од пауловнијата може да се искористи за продажба. Дрвото нема чворови и затоа е идеално за производство на мебел.

paulovnija-Брзорастечкото дрво пауловнија е најверојатно дрво на иднината кое се употребува буквално секаде, во бродоградбата за уредување на кабините, изработка на бродови и јахти, чамци како и даски за сурфање, во авиоиндрустијата за сите дрвени делови во внатрешноста бидејќи е многу лесно, потоа за производство на музички инструменти, хот и хот куќи,прозорци, врати, мебел како и за огрев бидејќи ослободува голема енергетска моќ. Ќе кажам еден податок, дека најголем корисник на ова дрво е светската фирма  ИКЕА, која го користи за производство на мебелот, вели Паланков

Цената на дрвото за дрвната индустрија на светските берзи се движи од 300 долари па нагоре за метар кубен во зависност од квалитетот и намената.

Гранките од дрвото при сечењето се мелат и така се добиваат брикети.

Големите листови со дијаметар од 75 сантиметри примаат околу 22 килограми јаглероден диоксид и ослободуваат 6 килограми кислород, така што имаат моќ да прочистуваат илјадници кубни метри воздух. Исто така тие се многу хранливи и се користат во исхраната на домашните животни. Во некои земји лисјата се користат и во фармацевтската индустрија. Цветовите, чајот и сирупите добиени од нив, се користат за лекување на болести на црниот дроб, жолчката, крвниот притисок и бронхит.

Целата сторија на – Фактор

 

Tags:

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Македонски бизнис на иднината: Засади дрво Пауловнија и чекај профит!”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.