Макрадули за градоначалник на Скопје – СДСМ пресече


Актуелниот пратеник од редовите на СДСМ, Јани Макрадули, е кандидатот со кој Здружената македонска опозиција ќе ја трча изборната трка за Скопје на локалните избори во март.

Извршниот одбор на партијата на состанокот вечерва го усвои и со аплауз го поздрави предлогот на лидерот на партијата Бранко Црвенковски, објави Дневник.

Вечерва на средба на општинската организација на Карпош се очекува да биде прифатен и Стевчо Јакимовски како единствен предложен кандидат за оваа општина.

Општинските организации вечерва треба да ги потврдат и кандидатурите на Александар Наумовски (Ѓорче Петров), Андреј Жерновски (Центар), Диме Велковски (Аеродром), Коста Начевски (Бутел), Борче Стефановски (Гази Баба), Љупчо Васовски (Кисела Вода).

извор – Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

One Response to “Макрадули за градоначалник на Скопје – СДСМ пресече”

  1. filip #

    trebalo Ivon Velickoski da go kandidirate za gradonacalnik na nekoja opstina.Pa neli vi e koalicionen partner?:))))) haaa ha ha ha…….e togas imate 300glasa na raspolaganje za celo sk

    26/10/2012 17:43 at 17:43 Reply

Остави коментар

UA-33057274-1