Макрон ја стави Франција во карантин и најави затворање на границите на Европската Унија


Франција од утре напладне ќе биде во национален карантин, објави претседателот Емануел Макрон во вечерашното обраќање од Елисејската палата. На сите жители ќе им биде наредено да останат дома и ќе можат да излезат надвор само од суштински причини.

„Движењето ќе биде сериозно ограничено. Ние сме во војна, не против друга држава, туку против вирус“, кажа Макрон.

Во Франција досега има 5.423 заразени и 127 починати.

Макрон кажа дека и Европската Унија утре целосно ќе ги затвори своите надворешни граници, на што треба и формално да се согласат сите 27 земји членки.

„Сите патувања меѓу неевропските земји и Европската Унија ќе бидат суспендирани на 30 дена“, кажа тој.

Само ден по одржувањето на локалните избори, Макрон кажа дека вториот круг е одложен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1