Малтретирање до даска за Есма и Лозано: Преспале на аеродромот во Белград (Видео/Фото)


Нашите евровизиски преставници Есма и Лозано немале мир ниту за време на враќањето дома. Како што дознава MKnews.MK тие морале ноќта да ја минат на аеродромот во Белград.

esma_bg

esma_bg1

Имено целата евровизиска делегација требало за Скопје да се вратат со лет на Јат од Белград вчера вечерта – но летот бил откажан и целата делегација ноќта ја минале на аеродромот во Белград. За скопје полетале дури утринава околу 4 часот.

Нејасно е зошто евровизиската делегација одбрала да спие на аеродромските метални клупи наместо да заминат во Хотел. Имено компанијата Јат на сите други патници им обезбедила ноќевање во хотел Славија – но според информациите на МКnews.MK нашата делегација ја одбила понудата и си преспале на аеродромот.

Дека се е каша попара во организацијата на патувањето на наштие преставници говорат и овие снимки на MKnews.MK снимени на аеродромот во Скопје по пристигнувањето – Есма, ај што е жена во години, ај што е нашиот евровизиски преставник мораше сама, без ничија помош од делегацијата да се мачи да си ги товари куферите на количката.

Каде заминаа кавалерите мажи од македонската делегација?

esma_sk

Tags:

MK News

Автор инфо

4 Responses to “Малтретирање до даска за Есма и Лозано: Преспале на аеродромот во Белград (Видео/Фото)”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.