Mапа: Проколнато турско злато закопано во Македонија


Tрагачи по закопано Богаство последните години буквално ја разоруваат Македонија. Опремени се со метал детектори имаат мапи, знаат каде копаат и што бараат.

Приказните велат дека некогаш и наоѓаат огромни количини закопано богатство – но нормално за ова се молчи, никој не кажал. Јавна тајна е дека огромни количини на артефакти, стари монети и што ли уште не нелегално се изнесуваат од земјава и препродаваат на светскиот црн пазар. Колекционерите не прашуваат за цена, а тоа и те како им оди во прилог на дивите копачи.

sl3

Една од интересните легенди е онаа која ја пренесува Нова Македонија – велат дека биле скриени два тона злато во прачки, сопственост на Отоманската банка во Битола. Наводно златото било закопано покрај Расимбеговиот мост на Црна Река во Мариово.

Кај Горно Село, пред пет години, дивите копачи барале артефакти со багери, а некои од нив биле поврзани и во случајот “Фаланга“. Диви копачи најверојатно се виновни и за исчезнувањето на главата од мермерната скулптура што пред седум години беше ископана на локалитетот Стибера. Скулптурата остана обезглавена.
Легендата што со години се прераскажувала говорела дека кај овој мост во Мариово биле закопани неколку тони злато.

За новинската агенција Дојче Веле, еден од најискусните македонски трагачи на злато, 58-годишниот Борис Димовски од Битола, открива дека во Македонија се кријат многу закопани богатства, многу злато, алтани, накит, но не со тони, туку во грниња, скриени на тешко достапни места.

TreasureMap

Димовски раскажува дека до скоро на многу куќи во македонски села, на самите тавани имало исцртано карти како да се стигне до закопаното богатство. Од Турција и Бугарија се носеле и мапи, рачно нацртани, кои упатувале до местата.

Местата под кои се крие ковчежето или грнето со злато биле обележувани со точки или крст, најчесто во близина на некое старо дрво или чешма.

Легендите велат дека во источна Македонија се наоѓа злато што го закопале Турците додека бегале по Првата Светска војна, битолскиот регион е полн со закопано еврејско злато, додека пак во југозападните краишта на земјава се крие римско злато.

Некои сметаат дека на територија на Македонија има закопано повеќе од 220 тони злато.

Турското злато во Македонија е проколнато!

Се раскажува дека скриеното злато е проколнато и дека ако не го откопа личноста која таму го сокрила, ќе се исполни клетвата.

Еве што се вели по македонските форуми на оваа тема

SR-book-Treasure_Map_VI

– сите места се проколнати мислам проколнат ќе биде тој што ќе го земе златото.единствено ако ти се сони,тогаш имаш право на него според мое мислење.а незнам точно има едно село прилепско,секој знаел дека под прагот на една црква имало злато,но никој не се осмелувал да го чепне – викаат машка глава да оставиш за да го земеш.има златна руда во мкд,ете прибилци демирхисарко ќе го спомнам таму бил мудурот,златото данокот на луѓето се собирал кај него.

Старите раскажуваат дека за да се откопа скриеното злато, потребно е местото да се посипе со брашно или пепел и да се остави така една ноќ.

Друга верзија од приказната е дека луѓето кои зеле од проколнатото злато или умирале или пак им умирале децата. Некои го изгубиле паметот. Иако сеуште не е потврдено, многу трагачи од Македонија, а и пошироко се заинтересирани за ова проколнато турско злато кое лежи на територијата на Македонија.

– Сега што имам слушано од постари луѓе е дека токму во реонот на штипско има најмногу закопано злато,од турците кога се повлекувале…И сам имам видено неколку мапи,за тоа дека има закопувано злато (една од мапите изгледаше како да е со крв цртана) и онака со другарот од чиста љубопитност решивме еден ден да отидеме до тоа место…Прво би сакал да кажам дека за брашно не сум чул да се фрла,туку пепел…И каква стапка ќе се појавела таков курбан и се оставал…Пепелта се фрлала токму врз местото каде што треба да се копа и се доаѓа утредента…

old_map bogatstvo

Се додека не се даде курбанот не смее да се копа,бидејќи големо зло ќе го снајде тој што ќе го земел…А сум и слушнал голем број на приказни каде што цели семејства наводно ќе ги снемало еден по еден или деца ќе им умираат,ќе скренат од ум...Колку е вистина ова не знам…Рекла казала муабети,додека сам не се уверам не верувам…Сега да се вратам на муабетот…

И така едно убаво утро со другарчево тргнавме кон Благова река,кон водопадите…Местото го добро знаевме бидејќи таму на тие водопади сме оделе безброј патишта на излети…Колбасите и пивото у ранците…Мапата ни кажуваше дека треба да одиме малку над водопадите…

На околу 250-300 метри по ридот нагоре имаше една чистинка каде имаше само едно дрво и азното требаше да биде по дрвото…Околу дрвото имаше прекопано ров со ширина од 1 метар и толку длабок и на еден дел се познаваше како дека имаше извадено 3 големи садови (најверојатно ќупови) и уште имаше траги од пепел околу дрвото..

.И земјата не беше уште засушена ептен што значи дека тоа било извадено скору…Исто имам некој сознанија дека во околината на селото Пенуш има закопано поголеми количини на злато,ама имам слушано дека многу луѓе кои пробале да копаат таму настрадале…Е сега колку е вистина не знам…

Eве уште неколку прикаски напишани на македонските форуми од нашинци

karta bogatstvo– Инаку во Битолско Мариово (Старавина, Брод) така нешто на тој простор се протегал фронтот во Првата Светска војна па скапоцените работи шо ги краделе Французите, Србите, Бугарите, Германците и триста ми ти други народи и народности го криеле златото во тој предел.

Пред неколку години кога беше пописот ме имаа пуштено во тој предел во Битолско Мариово и шо да ви кажвам местото е сам приказ треба да се види а и ако застаните со некој постар да правите муабет сигурно ќе ви каже некоја јака прикаска. Јас имав среќа да ми кажат за еден Французин кој дошол таму за да си го види гробот на татко му ил дедо му (незнам точно) демек таму бил закопан, шизикот бил дојден и со карта отприлика како се викало местото и каде да го барал гробот, и со помош на мештаните отишол на местото и таму нашол ковчеџе со злато и неколку вина. нешто така беше приказната е сега колку е за вервање незнам ама мене ми помина некое време додека ја слушав.

sl8– Во струмичкиот регион, имам слушано вакви работи, за проколнати богатства, демек цела фамилија се разболела, незнам што. Инаку исто така има откриено доста вредни предмети, кои се продавани во Грција и Бугарија за доста добри суми. Тоа е жално за Македонија.

– Многумина си ја пробуваат среќата кај моето лозје. Имено лозјето е во центар на едно иселено Македонско-Турско село. Се убаво што си копат луѓето по злато али има еден проблем. Местото е поранешно складилиште за Муниција од балканските војни и Бугарско складилиште од 1вата светска војна. Има Гранати-ланати, куршуми и ред други подароци. Имаме пронајдено цели бункери со муниција кои беа уништени соодветно. Има и ров на северната страна и секогаш кога се ора се наоѓаат испукани куршуми. Имавме фамилјарна колекција на овие куршуми но братучет ми им е“а мајката и сега немам појма кај се.

Инаку во Валандово има еден Јавор сред центар во кој цело време имаше сокриено злато. Наследникот на тој што го ставил златото таму од Турција си дојде и си го зема. Сеа замисли народот цело време таму минувал, седел, се смеел, пиел но никој не помисли да ѕирне да види што има.

33agepc– Пет лица од турскиот град Едрене пронашле триесет тони необработено злато во скривалиште кое било посочено на карта што ја набавиле во Бугарија, објави вчера турскиот весник “Милиет”. Копачите на 9,5 метри под земја нашле капак под кој се наоѓало скривалиштето за златото.

На местото на ископот за време на Османлиската Империја се наоѓала работилница за изработка на пари. Скривалиштето било затрупано за време на Балканските војни, со цел златото да не го земат Бугарите, кои тогаш го окупирале Едрене. Картата на која било означено богатството била пронајдена во Бугарија од етничка Турчинка.

Вредноста на откриеното злато се проценува на три милијарди американски долари. Во согласност со турските закони 50 проценти од вредноста ќе и припаднат на државата, 10 отсто на општината, а 40 проценти се за копачите. (МИА)

SR-book-Treasure_Map_VI

karta zakopano bogatstvo

sl3

Tags:

MK News

Автор инфо

4 Responses to “Mапа: Проколнато турско злато закопано во Македонија”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.