Марихуана за лек и во Македонија – експертите поделени


Дали марихуаната да им се препишува и на тешко болните од рак, но и на оние со други заболувања, како мултиплекс склероза, Алцхајмер, е прашање што ги подели стручњаците во земјата. Додека од Националната комисија за борба против дроги и од Бирото за лекови се категорично против легализација на марихуаната во медицински цели, дел од онколозите го одобруваат користењето на оваа супстанција која, според нив, има антитуморско дејство, ја намалува болката и го зголемува аптетитот, пишува Дневник.

Marijuana-BottleДебатата за ова чувствително прашање се отвори по најавите дека во Србија марихуаната можеби ќе се легализира само за медицински цели, што секако не значи и легализација на оваа дрога. А токму тоа претходно веќе го направи Чешка, но иако таму уште пред 11 месеци беше најавено дека дел од болните ќе може и на електронски рецепт во аптека да ја земат марихуаната, тоа практично с` уште не им е овозможено.

– Сите што станале најтешки зависници од дроги почнале со марихуана, чие користење не е воопшто безопасно. Таа содржи над 200 активни компоненти, а само една од нив – тетрахидроканабинолот (ТХЦ) е психоактивна супстанција која во централниот нервен систем создава такви тешки физиолошки промени што доведуваат до затапеност, намалување на интелигенцијата и силна психичка желба повторно да се земе марихуана. Со текот на времето, кај зависникот се јавува желба за ново, најчесто интравенозно земање други супстанции, најчесто хероин. Значи, токму марихуаната е влезот во мрачниот тунел, вели Илчо Захариев, претседател Националната комисија за борба против дроги

Онколозите се „за“

За разлика од него, д-р Милан Ристевски, директорот на Kлиниката за радиотерапија и онкологија, вели дека е апсолутно „за“ користење на марихуаната за медицински цели.

marijuana-500– Јас се согласувам со тој став, за што сведочи и релевантна поголема студија на Универзитетот „Харвард“, а тоа се две сосема различни работи – легализација на дрогата за медицински цели и легализација на дрогата. Kако што има и најмоќни антиепилептици кои се продаваат, а кои содржат токму екстракт од канабис, кој се користи во медицината и тоа некогаш каде што ниеден друг лек не помага. Секако, тој екстракт од канабис би требало да е стандардизиран, во капки или слично, а би се користел за да им се намалат болките, но не само кај болните од рак , туку и кај други заболувања. Супстанциите од канабисот имаат и антитуморско дејство и пронајден е механизмот како тие влијаат во организмот, а освен тоа, имаат и аналгетско дејство – ја намалуваат болката, а го зголемуваат апетитот. Но, секако, треба да се изготват клинички студии за да се дефинираат дозите и кои болни може да ги користат – категоричен е д-р Ристевски.

Легализација на марихуаната во Србија

MK News

Автор инфо

One Response to “Марихуана за лек и во Македонија – експертите поделени”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.