Маскиран пироман пали обложувачници во Тетово


Полицијата испитува дали сериски потпалувач подметнува пожари во обложувачници во Тетово откако вчера гореше уште еден ваков објект, втор во само две недели. Она што ги поврзува двата случаја е фактот дека станува збор за маскиран потпалувач кој користи „молотов коктел“, а напаѓа во време кога спортските обложувачници не работат

molotov koktelВо првиот инцидент потпалувачот беше фатен на камера, односно можело да се види како маскиран човек го фрла „молотовиот коктел“. Во вториот случај нема информации дали евентуално некоја од безбедносните камери го уловила, со цел да се спореди и да се открие сличност помеѓу напаѓачите.

Цел на маскираниот напаѓач била обложувачницата „Мај бет“, лоцирана на улицата 133 во Тетово. Огнот брзо се проширил и ја зафатил целата опрема и инвентарот во обложувачницата, вкупната штета се проценува на околу 20.000 евра.

Пред три недели на сличен начин настрада и спортската обложувачница „Моцарт“ во центарот на Тетово но за среќа чувар од соседно кафуле брзо реагирал и спречил да се прошири.

MK News

Автор инфо

One Response to “Маскиран пироман пали обложувачници во Тетово”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.