Маврово ги спушти цените


Во шпицот на зимската туристичка сезона посетеноста беше од 20 до 30 отсто помала во споредба со претходните зими

Ski-Lift-Snow-MeltingМаврово – имал 30 насто помалце туристи од лани и затоа одлучиле да ги симнат цените. Поевтинети се пансионските услуги во одредени сместувачки капацитети, како и ски-картите за скијачките терени, пишува утрински весник.

Хотелот „Макпетрол“ нуди шестдневен аранжман на база полупансион за само 99 евра во денарска противвредност. Од вчера се поевтини и цените за скијање. Скијачкиот центар „Заре Лазарески“ ги намали цените на ски-билетите за околу 25 отсто. Така, еднодневниот билет кој чинеше 1.100 денари сега е намален на 900 денари, а за деца 600 денари. Седумдневната карта од 6.000 денари е намалена на 4.400 денари, а за деца чини 3.000 денари.

На скијачките терени на планината Бистра има доволно снег, ски-патеките редовно се одржуваат, а и времето е сончево деновиве, па гостите уживаат во крстосувањето на непрегледните белини.
Сепак, мавровци не се задоволни од остварените резултати во шпицот на зимската туристичка сезона.

MK News

Автор инфо

One Response to “Маврово ги спушти цените”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.