Двајца холандски водители одлучиле да ги искусат контракциите кои секоја жена ги има пред породувањето за да докажат дека жените се послаб пол и дека мажите подобро поднесуваат болка. Изјавиле дека нема шанси да викаат и пцујат. Но !!!!
Во емисијата „магијата на породувањето“, Денис Сторм и Валерио Зен посетиле една клиника во Холандија каде со помош на електро стимулации можеле да симулираат контракции и да се почувствува колку навистина боли породувањето.
Како и при вистинско породување, почнале со благи контракции, чија болка двајцата ја прикриле со смеење.Меѓутоа, кога почнале вистинските породилни болки двајцата вриштеле, скокале и ги стискале перниците.
Иако самата стимулација трае само два часа, за разлика од вистинското породување кое може да трае и два дена, двајцата заклучиле дека тоа е едно од најболните искуства кои ги имале и не се сигурни дали сакаат нивните жени да поминуваат низ едно такво искуство.