Меџик Џонсон: Не ми се верува, скршен сум – плачам цело утро!


Една од најголемите кошаркари на сите времиња Ирвинг Меџик Џонсон, легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс со голема болка ја примил веста за трагичната смрт на Коби Брајант, кој пред неколку часа загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Меџик беше еден од легендарните кошаркари од славната американска генерација и првиот „дрим тим“, па на социјалните мрежи се прости од својот пријател посочувајќи дека не може да престане да плаче откако ги слушнал ужасните вести.

„Се обидувам нешто да напишам, ама мозокот ми лета. Не ми се верува, цело утро плачам после ужасните вести дека Коби и неговата млада ќерка Џиџи загинале во хеликоптерска несреќа. Сршени сме со Куки“, објави Меџик.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1