Механичари од Мерцедес сакаат и тие да го прегледаат возилото на Младенов


Механичари од Германија (земјата каде се прозиведува Мерцедес) пројавиле интерес да го прегледаат мерцедесот на Никола Младенов за да утврдат какви удари претрпело возилото, објави Алфа.

kolata na mladenovМеханичарите на прозиводителот испитуваат техничка исправност на возилото.Тоа претходно ќе мора да го провери и домашен орган – како машински факултет или независни вештаци.Анализата со техничката исправност ќе се надополни на крим-техничкото вештачење кое денеска МВР му го презентира на истражниот судија со откриените наоди. Со извештајот е подготвена фото- документација и скици каков правец имало возилото.

Крим-техничкото вештачење содржи податоци за оштетувањата на возилото, за пронајдените траги, за траекторијата по која се движело. Останува податокот дека Никола Младенов прво удрил лево во бетонската ограда, а потоа излетал десно низ баникната на автопатот. За сега не се посочува дека во сообраќајката учествувало друго возило кое влијаело на правецот на новинарот на „Фокус“.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Механичари од Мерцедес сакаат и тие да го прегледаат возилото на Младенов”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.