Меркел: Мора да стоиме на дадените ветувања за Северна Македонија


Германската канцеларка Ангела Меркел уште еднаш истакна дека на Северна Македонија и Албанија треба да им се даде датум за почеток на преговори со Европската Унија, објави македонскиот сервис на „Дојче веле“.

„Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие две земји. Ние имаме одговорност кон нив и мислам дека се исплаќа да им се даде европска перспектива на Северна Македонија и Албанија. Во меѓувреме се изградени мостови кон ЕУ-партнерите, кои сѐ уште имаат задршки за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и инсистираат на поголема транспарентност на процесот на проширување. Сепак, шансите за постигнување согласност на самитот на ЕУ не се добри“, призна Меркел, а пренесе „Дојче веле“.

Ова уследи по нејзината вчерашна средба со францускиот претседател Макрон. Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на двете влади во Тулуз, Макрон кажа дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно.

За разлика од него, Меркел оцени дека има уште малку простор на самитот на ЕУ, двете земји да се усогласат, пренесе Дојче веле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1