Милошоски до Заев: Влада во заминување не треба да поставува амбасадори


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски од говорницата во Собрание го праша премиерот Заев зошто Влада во заминување поставува амбасадори.

-Владата е во постапка на избор на амбасадори за непополнетите места, тоа е во фаза на консултација со претседателот на РСМ, потоа ќе разговараме за владината седница, бидејќи Владата за тоа одлучува. Претседателот ќе даде дозвола за тоа, но сакам државата да ги има оформено амбасадорските места. Час поскоро ќе се постават амбасадорите, колку што сум запознаен. За двајца се разговара за двајца не се разговара, но треба нашите амбасади треба да имаат амбасадори- одговори Заев.

Според Милошоски тоа е многу контрадикторно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1