Министерство за животна средина: Состојбата во Охис е целосно под контрола


Согласно последните информации добиени од надлежните инспекциски служби, ја информира јавноста дека состојбата во Охис е целосно под контрола и дека нема место за паника – информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Излевање на вода при перење на празна цистерна поради пукање на вентил се случило во бетонска када чија функција е безбедносна токму при вакви случаеви. Во моментов излеаната течност е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста. Пилевината ќе биде собрана во текот на утрешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена – пишува во соопштението.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1