Министерството за здравство ќе утврдува одговорност за смртта на пациентката во штипската болница


Комисијата за контрола на квалитет на здравствени и етички прашања го подготви извештајот во врска со починатата 41 годишна пациентка од Берово на инфективното одделение во штипска клиничка и утринава е доставен во ДСЗИ, информираше денес преку соопштение до медиумите директорт на болницата Ален Георгијев. Тој апелираше да престанат нападите на трудот на медицинските работници, во борбата со ова зло кое го покоси буквално целиот свет, да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи состојбата е и така премногу тешка.

Во телефонски разговор со Ирена Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ ни беше кажано дека од нивна страна до Министерството за здравство е инициран вонреден стручен надзор.

Ресорниот министер, Венко Филипче побарал вонредниот стручен надзор да го спроведе Лекарската комора. Стручни лица, лекари од Лекарската комора ќе бидат дел од Комисијата, која ќе даде мислење за случајот. Според Законот, не е утврдено за колку време Комисијата ќе го заврши овој случај, но откако ќе го изготви извештајот, во рок од 8 дена треба да го известат Министерството за здравство. Од Министерството до Лекарската комора досега има испратено вкупно 10 случаи за починати пациенти низ болниците во Струмица, Свети Николе, Битола, Тетово, Кавадарци и Ресен. Денеска се пристигнати уште два случаи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1