Мицкоски по средбата со Меркел: Следната недела ќе го донесеме конечниот став за референдумот


Во текот на наредната недела партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат состанок и ќе биде донесен конечниот став за референдумот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Амбасадата на Германија во Скопје.

Тој рече дека средбата поминала во исклучителна пријателска амтосфера меѓу двете сестрински партии, што се дел од Еврпската народна партија и дека ја известил канцеларката Меркел за актуелната политичка состојба во државата и оти главен акцент бил ставен на претстојниот референдум на 30 сетпември.

– На средбата ги истакнав позициите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше во изминатиот период, односно зошто ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати овој договор и не се согласува со содржината на договорот. Ги повторивме истите позиции и ја информиравме канцеларката Меркел за нашата акција во рамки на т.н. „Лето за Македонија“, изјави Мицкоски.

Тој не сакаше да коментира која била пораката што му ја пренела канцеларката Меркел, појаснувајки дека не е пристојно да го пренесува она што е лично кажано.

Прашан дали ВМРО-ДПНЕ ќе го прологира рокот за изјаснување за референдумот, Мицкоски рече дека генерално се изјасниле прецизно и додаде дека партијата ќе ја добие неопходната навигација од граѓаните.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1