Млад скопјанец починал во стан кај Лептокарија пред очите на две лица


Вчера во 05.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Никола Русински“ во скопската населба Лептокарија, сопственост на П.П.(73) од Скопје, имало починато лице.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за А.Г.(36) од Скопје.

Според пријавеното, на А.Г. му се слошило додека бил со М.(36) и М.Д.(35).

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1