Млада кумановка се бори за живот – Лекарска комисија утврдила дека е работноспособна


Кумановка, болна од карцином на коски и анорекција, останала без социјална помош затоа што лекарска комисија при Министерството за труд и социјална политика утврдила дека е работоспособна.

Додека Даниела Бошковиќ (34) се бори за живот, комисијата го одбила нејзиното барање за постојана парична помош и дала мислење дека таа е способна да работи и да го издржува своето семејство.

karcinom-daniela-m1Ми ја укинаа социјалната помош пред 5 месеци затоа што лекарите од комисијата напишале дека сум добра со здравјето. Јас не сум била на комисија, затоа што не можам да се движам, ниту имам пари да платам некој да ме носи, а тие не дојдоа да направат увид во болничката документација ниту да видат во каква здравствена состојба сум. Само така утврдиле дека сум здрава.- едвај зборува и плаче Даниела.

Младата жена, која има едвај 30 кила и не може да стане од постела, покрај анорексијата се лекувала и од рак на матка, а тешката болест се проширила и на коските. Пред неколку месеци ја оперирала вилицата, но операцијата е неуспешна и сега итно мора да се изврши нова интервенција.

karcinom-daniela-m2Додека бев во болница и примав инфузии се чувствував подобро, откако дојдов дома пак ми е лошо, бидејќи немам лекови. Сега се утврди дека операцијата не била успешна и треба повторно да се оперирам, но немам пари да одам во болница. Немам ни децата да ги прехранам а не да се лекувам.- липа болната и изнемоштена жена.
Даниела е самохрана мајка на две деца и лесно може да остане на улица, бидејќи не ја платила киријата за двете собички во кои живее на улицата „Никола Тесла„.

Затоа апелира до надлежните институции и хуманите луѓе да и помогнат да го оствари правото на социјална помош и да добие соодветна здравствена заштита заради нејзините две малолени деца на кои најмногу им е потребна.

Kumanovo news

Tags:

MK News

Автор инфо

6 Responses to “Млада кумановка се бори за живот – Лекарска комисија утврдила дека е работноспособна”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.