Момчињата на педалинката не знаеле да пливаат и не носеле елеци за спасување


Полицијата се уште трага по изчезнатото момче кое вчера попладне изчезна во водите на Преспанското езеро при превртување на педалинка на која што се наоѓале 3 лица. Двајца од нив допливале на брегот, а едно момче е исчезнало. Случајот веднаш бил пријавен во полиција од Итната медицинска помош вчера околу 18 часот.

Нуркачите, за Телма изјавиле дека трите момчиња биле непливачи, како и дека ниту едно од нив не носело елек за спасување.

Засега е непознато дали 16-годишникот скокнал или се лизнал од педалниката, а сопственикот на педалинките, пак, тврди дека децата скокале во водата.

– Тие учат заедно со моето дете, многу ни е криво. Педалинката беше исправна, не беше превртена, немаше вода во неа. Некој рекол дека педалинката е превртена, нема такво нешто, децата скокаа од педалинката – изјави Ведат Адемовски, сопственик на педалинките за Телма.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1