Можете да ја тужите компанијата ако ве одбие на интервјуто за работа поради ова


Одбивањето на интервју секогаш е разочарувачко, но комапниите  некогаш поставуваат прашања поради кои може да не ја добиете работата – а овие прашања се нелегални барем во поголемиот дел од светот. Кај нас иако се уште нема конкретни примери за тужби поради некоректни прашања на интервјуто за работа, сепак и според нашиот закон е предвидено дека дискриминирање по било кој основ при апликацијата за работа е недозволено и казниво.

workКомпаниите не смеат да ги дискриминираат вработените според вера, пол, не смеат да бараат да сте немажени, без деца итн.

Во прилог следуваат единаесет прашања за кои можеби не сте знаеле дека се нелегални, а доста често се поставувани од компаниите за време на интервју. Ако ви се случи да ви биде поставено некое од овие 11 прашања едноставно одбијте да одговорите, не лажете во никој случај. Секако компанијата ќе ве одбие на интервју поради тоа, но токму со тоа го прекршува законот и ќе може веднаш да ја тужите.

Нелегалните прашања:

1. Дали некогаш сте биле уапсен?

2. Дали сте во брак?

3. Која е вашата религија?

4. Дали имате деца?

5. Од која држава сте?

6. Дали англискиот е вашиот мајчин јазик?

7. Дали можеби имате некои долгови?

8. Дали пиете алкохол во друштво?

9. Кога последен пат имате користено нелегални дроги?

10. Колку долго имаш работено?

11. Која е причината за вашето отпуштање од војска?

MK News

Автор инфо

One Response to “Можете да ја тужите компанијата ако ве одбие на интервјуто за работа поради ова”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.