МПЦ бара повторно да се погребаат тие што на погребот ги пеел „лажен“ поп


Архиепископот Стефан ставил потпис на веројатно најскандалозната одлука донесена до Синодот на МПЦ во нејзината историја, со која бара препогребување, превенчавање и прекрстување на сите Македонци од Австралија кои не се дел од црквите кои не се под јуриздикција на Владиката Петар.

Скандалознот писмо било ипсратено пред два дена, како синодски став како да се надмине проблемот во Аватралија.stefan

За да биде скандалот поголем, Синодот на МПЦ им дава рок од една година, заклучно со 30 септември 2016 година на сите чии роднини починале да извршат нивно препогребување, на оние кои се венчале да ги повторат црковните церемонии, а оние кои еднаш се крстени, да бидат прекрстени од свештеници кои ќе ги избере синодот.

За иронијата во оваа одлука, пак да биде уште поголема, Синодот на МПЦ им дава можност овие црковни ритуали бесплатно да ги извршат во предвидениот рок, а во споротивно ќе им ги тарифира по ценовниците на црквата.

Можеби најскандалозно во оваа синодска одлука, потпишана лично од Архиепископот, е крајно понижувачкиот третман кон Македонците во Австралија. Тие во писмото се ословуваат како таканаречени верници.

Ако т.н. верници кои се крстени, венчани или погребани од погореспоменатите расчинети свештеници и ѓакони, истите треба повторно да им бидат извршени од легитимни свештеници кои се поставени од надлежни Архиереј. Ако во рок од 12 месеци им се извршат светите тајни и обреди, истите ќе бидат извршени бесплатно. А по истекот на рокот ќе се извршуваат со уредно плаќање, стои во скандалозната одлука на Синодот на МПЦ, потпишана од Поглаварот.

Писмото има голема доза на уцена и закна, бидејќи МПЦ оди дотаму што најавува исклучување од црквата на оние кои нема да послушаат и забрана за причест.

Иако, многумина очекуваа конечно решение на проблемите во Австралија откако пред две години Синодот и црковните општини постигнаа согласност, сепак оваа одлука на Синодот се поизвесно е дека ќе предизвика траен раскол меѓу македонската дијаспора во Австралија.

Press24.mk

MK News

Автор инфо

One Response to “МПЦ бара повторно да се погребаат тие што на погребот ги пеел „лажен“ поп”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.