Му ја укинале социјалната помош – со секира го искршил Центарот за социјални работи во Охрид


30-годишниот А.В. од Охрид заработи кривична пријава поради пријавено насилство.

sekiraПоради укината социјална помош и нерешено стамбено прашање, денес претпладне, А.В. со секира во раката извршил насилство во Центарот за социјални работи во Охрид.

Револтиран, тој насилно влегол во Центарот и со секирата започнал да ги крши прозорите од влезната врата и од другите канцеларии и помошни простории. Видно агресивен, тој ги искршил и компјутерите со целокупната компјутерска опрема поставени во канцелариските оддели. Потоа, започнал да ја оштетува и расфрла целокупната документација од работните бироа.

Со навремена реакција на полициските службеници, А.В. е приведен по што СВР Охрид против него ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.

MK News

Автор инфо

One Response to “Му ја укинале социјалната помош – со секира го искршил Центарот за социјални работи во Охрид”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.