Муслиманските верници го слават Курбан Бајрам


Во пресрет на Курбан Бајрам, вршителот на должноста претседател на ИВЗ, Шаќир Фетаху, соопшти дека е позитивен на Ковид 19. Поради оваа причина, пораката на Курбан Бајрам е испратена во друга форма, со цел да се избегнат контакти со други членови на ИВЗ. Во пораката на Фетаху, меѓу другото, вели дека овој празник е празник на радост и мир, а треба да има молитви и за надминување на корона вирусот.

“….. со нашите молитви се обраќаме на Господ, со Неговата милост и безгранична помош за надминување на големото искушение, опасно за човештвото, болеста Ковид-19 и во исто време го замолуваме да ги излечи сите болни насекаде низ земјата и низ целиот свет а тие што ги загубија животите да ги опфати со Неговата бесконечна милост.“

ИВЗ апелира на претпазливост од каде ќе се купуваат животни и апелира семејните собири да бидат сведени на минимум.

„Оние кои веќе одлучиле да колат курбани дома, треба да бидат многу повнимателни. Ние би им предложиле да го сторат тоа во професионални кланици каде што ги исполнуваат сите санитарни и здравствени услови“.

Ј.П Комунална Хигиена во Шуто Оризари, Чаир, Гази Баба, Бутел, Сарај и во Кале поставија специјални контејнери за собирање органски отпад од животинско потекло.

„Неконтролираното фрлање на овој отпад не треба да предизвика некое сериозно заболување, особено во областите каде се движат граѓаните“.

17-те контејнери на Комунална Хигиена ќе останат на овие локации од 30 јули до 1 август. Курбан Бајрам се слави во петок, на 31 јули. Молитвата на Курбан Бајрам е во 06:06 часот и поради ситуацијата со пандемијата откажана е традиционалната централна манифестација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1