МВР потврди: Уапсен е Едмонд Темелко


Уапсен е Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец, по кого беше распишана централна и меѓународна потерница, потврдија од МВР за „Макфакс“.

Тој се наоѓа во полициската станица Беко, по што, според процедурата, се очекува да биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ каде што треба да издржи 30-дневен притвор.

Градоначалникот на албанската општина Пустец е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1