МЗ: Следната недела почнува скрининг тестирање за коронавирус


Центарот за јавно здравје во Скопје, заедно со Институтот за јавно здравје прави план за скрининг на лица за кои се смета дека се во критични категории, како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација, соопшти Министерството за здравство.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

Со скринингот, кој ќе се прави со PCR тестови, како што се посочува, ќе се овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови.

Во текот на следните денови ќе биде готов новиот алгоритам и ќе се дефинира таргетираниот број на тестови што ќе се прави дневно. Кластерите по возраст и хронични болести би биле опфатени со испитувања во натамошниот период, за да се види прокуженоста на населението од овој вирус. Матичните доктори ќе го добијат новиот алгоритам и преку МојТермин ќе закажуваат тестирање на одреден број лица според можностите на системот на дневна база. Брисевите ќе се земаат во постојните пунктови и ќе ги транспортираат Центрите за јавно здравје во претходно одредени лаборатории, информираат од Министерството.

Стратегијата на Министерството за здравство од почетокот на епидемијата, како што се нагласува, беше да се тестираат пациенти со симптоми и согласно оваа стратегија работевме целиот овој период.

Таа даде исклучително добри резултати без да ги оптовари капацитетите за тестирање и за хоспитализација што беше наша примарна цел. Тоа што во изминатите денови имаме намален број на тестирања е доказ дека бројот на активни пациенти во нашата земја значително се намалува што уште еднаш ја потврдува успешноста на досегашните чекори, стои во соопштението.

Од Министерството категорично ги отфрлаат обвинувањата на опозицијата за намален број на тестови во политички цели и наведуваат дека тестирањето ќе продолжи по новата методологија и согласно препораките на епидемиолозите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1