„Најлудо“ се вози на скопската обиколница, нови бројачи за брзина и фреквенција


Со последната големи акции кои ги спроведува јавното претпријатие за државни патишта на голем број патни правци се собрало големо количество на отпад од пластика и хартија.

Само на скопска обиколница просечно се собрано по околу 50 големи црни вреќи полни со ѓубре на секој еден километар. Освен апелот за зачувување на околината првиот човек на државните патишта Китанов соопшти и друг фрапантен податок.

Податоците кои ги даваат ново поставените така наречени индикативни јамки кои освен што мерат колку возила поминуваат дневно и за каков тип на сообраќај станува збор за понатамошни анализи кои патишта да имаат приоритет за реконструкции и проширувања покажуваат и со која брзина се вози.

Само на скопската обиколница во септември со брзина над 150 километри на час имало преку 13 илјади возила. Ова засега се само показатели, но и МВР веќе ја има започната постапката и законските измени за во иднина по примерот на соседните земји да се контролира брзината на возење со помош на камери и снимки.

Во европските земји ваквите системи за снимање на возачите кои лудуваат по патиштата одамна ги има и таму на овој начин е регулирана безбедноста во сообраќајот

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1