Најнови вести за ОХИС: АРМ влезе во фабриката – единица за нуклеарно хемиско и биолошко оружје ја caнира состојбата


Припадници на АРМ влегоа во кругот на Фабриката „Охис“ во Скопје.

Пристигна полк на единица на армијата за Нуклеарно хемиско и биолошко оружје во дворот на Охис за да ја санира хаваријата која настана при истекувуање на опасна токсична материја

„За среќа резевоарот е граден според југословенски стандарди со заштитна када во која е собрана излеаната течност“, информираат од Министерството за животна средина.

Како што јавува „Сител“, токсична материја метил акрилат се излеала внатре во фабриката при чистење на контејнер. Хемикалијата не е запаллива но, може да предизвка гушење и штипење на очите.

– Станува збор за истекување вода од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната фирмата има обврска да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината, велат од инспекторатот.

Засега, се знае единствено дека станувало збор за хемикалија која се користела за производство на детергенти.

Случајот со излевањето на високотоксичната материја бил пријавен од страна на граѓани, кои се пожалиле на главоболки, печење во грлото и непријатна миризба што се ширела од фабриката. На терен се наоѓа едно возило на брзата помош, но и неколку екипи на противпожарната единица и не е познато дали има повредени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1