На МВР се пожали на известувањето на Алсат-М телевизија


МВР ја критикува работата на Алсат-М телевизија со оценка дека таа е непрофесионална и поттикнува меѓуетничка омраза.

policijaОттаму поднеле претставка до Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија од кого се бара, да го осудат, според нив, непрофесионалниот пристап поради веста од деветнаесетти ноември објавена на телевизијата околу расветлувањето на меѓуетничките инциденти на младите во автобусите.

МВР реагирале за делот во кој се наведува дека откривањето само на младите Албанци ги потврдува сомнежите за селективен пристап на институцијата.

Според полицијата, таквата констатација е неоснована и паушална, му нанесува штета на МВР и ја нарушува довербата меѓу граѓаните од сите етнички групи.

Од Алсат-М велат дека известувањето за инцидентите е професионално и секогаш засновано врз изјави од граѓани и на засегнати страни не исклучувајќи ги никогаш ниту соопштенијата и изјавите на раководството на МВР.

– Спорната реченица за која зборува МВР, не е заклучок на новинарот, туку заклучок од голем број реакции кои пристигнаа било од политичките партии или другите субјекти, не исклучувајќи ги тука и реакциите на родителите на децата кои биле жртви на насилници – велат од Алсат М.

Плус Инфо

MK News

Автор инфо

One Response to “На МВР се пожали на известувањето на Алсат-М телевизија”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.