Најден измет во чоколадите на „Икеа“


Кинески здравствени власти конфискуваа и уништија околу два тона чоколадо кое „Икеа“, што Кина го увезла од Шведска, јави дописникот на МИА од Гетеборг. Чоколадите во трговските центри на шведскиот гигант за мебел „Икеа“ во Кина содржеле високо ниво на цревни бактерии од измет.

ikeacokoladi– Чоколадото го купуваме од еден набавувач, при што е важно да се направат контроли дека квалитетот е добар, изјави Илва Магнусон, одговорна во „Икеа“ за контакти со медиуми.

Споменатите чоколади биле еден од вкупно 247 продукти од разни производители кои истовремено биле стопирани од страна на кинеските власти, јавија шведски медиуми, пренесувајќи ги податоците објавени во весникот „Шангај дејли“.

Во „Икеа“ е отворена истрага со цел да се утврди каде е прозведено спорното чоколадо.

„Икеа“ неодамна ги повлече ќофтињата произведени во Шведска, а кои се продаваат во нејзините ресторани во трговските центри во Европа, откако беше откриено дека содржат коњско месо.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1