Нарко дилерот кој преправен во својата ќерка се обиде да избега од затвор пронајден мртов


Затворските власти во Бразил го пронашле мртов во ќелијата осудениот нарко дилер Клаувинја да Силва, три дека откако пропадна неговиот обид за бегство. Управата на затворот верува дека Де Силва се обесил, наведува БиБиСи.

Тој пред неколку дена се обиде да избега од затвор така што на лицето навлече силиконска маска, стави перика и наочари и верувајќи дека доволно се маскирал тргнал да излезе од затвор.

Да Силва се обидел да излезе така што се приклучил на група посетители, но еден од полицајците бил сомничав и побарал од него да ги извади наочарите, а потоа и периката.

Дилерот на дрога, кој веќе е осуден на 73 години затвор, префрлен е во друг затвор, каде може да му се придружи и неговата ќерка, на која и се заканува две годишна казна

Маската, градникот, периката и женската облека на Да Силва во затворот му ги донела бремена жена, која исто така сега е во притвор.

Силва пред шест години се обидел да побегне ползејќи низ канализација, но чуварите го фатиле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1