Народната банка продава голфови и ауди по багателни цени


Народната банка распиша оглас за продажба на шест патнички моторни возила во сопственост на Народната банка на Република Македонија.Станува збор за лускзузни автомобили од возниот парк на банката, стари по десетина години. Поголемиот дел од нив не се во возна состојба. Почетните цени за продажба на возилата се движат од 1.500 до 2.000 евра, пренесува Емагазин.

Napusteni-audiТака, на продажба се нуди автомобил марка Ауди А6, година на производство 1999 година, сила на мотор 142 kw, работна зафатнина 2771 ccm, поминати 178.129 километри, не е во возна состојба. Се продава и возило марка Фолксваген Пасат, година на производство 1999, сила на мотор 110 kw, работна зафатнина
1781 ccm, поминати 186.431 километри и не е во возна состојба. Почетната цена за возилото е 105.643 денари.

НБМ продава и возило марка Фолксваген Голф, година на производство 2000 година, сила на мотор 55 kw, работна зафатнина 1390 ccm, поминати 223.466 километри и не е во возна состојба. Почетната цена е 91.480 денари.

Се продава и Фолксваген Голф, година на производство 2000, сила на мотор 74 kw, работна зафатнина 1595 ccm, поминати 179.137 километри и не е во возна состојба. Почетната цена за ова возило е 96.504 денари.

НБМ нуди на продажба и Фолксваген Голф година на производство 2000 година, сила на мотор 74 kw, работна зафатнина 1595 ccm, поминати 240.000 километри и не е во возна состојба. Почетната цена е 90.472 денари, како и Фолксваген Голф, година на производство 2000 година, сила на мотор 55 kw, работна зафатнина 1390 ccm, поминати 220.000 километри и е во возна состојба. Почетната цена е 86.665 денари.

Право на учество имаат сите домашни и странски физички и правни лица и кои на јавното наддавање ќе уплатат
паричен депозит во износ од 10% од почетната цена на возилото за кои ќе наддаваат.

emagazin.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Народната банка продава голфови и ауди по багателни цени”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.