Навечер може да ве изеде куче – без синџир ќе шетаат по 22 часот!


Досега законот предвидуваше задолжителна употреба на синџир и заштитна маска за кучињата кога нивните сопственици ги шетаат во парковите. Казната се движеше од 100 до 400 евра, а лани по овој основ се казнети 73 лица

bul terier - kuceКуче ќе може да се пушти од синџирот и да се движи слободно во парк и на друга јавна зелена површина единствено од 22 до 8 часот на лето и од 22 до 9 часот во зима, се вели во предлог-одлуката за комунален ред на Град Скопје, која ќе се најде на усвојување пред советниците на утрешната седница.

Кучето нема да смее да се пушти од поводник и во ноќните часови кога се движи на јавна сообраќајна површина, во близина на училиште, покрај детско игралиште. Досега, според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, сопственикот беше задолжен својот миленик да го шета со синџир и маска на муцката. Прекршочната казна се движи од 100 до 400 евра, а Министерството за внатрешни работи лани по овој основ изрекло 73 казни.

– На лето најголем дел од сопствениците ги изнесуваат кучињата на шетање во вечерните часови. Бидејќи е топло и граѓаните сакаат да прошетаат во тоа време, мислам дека не треба да се дозволи вадење на синџирчето. Ние кога излегуваме со внучињата да прошетаме во парк сакаме да се опуштиме, а не постојано да внимаваме да не не нападне некое куче. Можеби во зима, кога нема толку луѓе по парковите, е помал проблем, но сметам дека градската власт треба да размисли дали воопшто треба да се дозволи без синџир да се шетаат домашните миленичиња. Е сега, колку се почитуваа одлуките, тоа е друго прашање. Може да се види дека сред бел ден опасни кучиња се пуштаат слободни низ парк, и тоа без синџир и заштитни маски – вели Раде С. од населбата Ченто.

Вечер

Tags:

MK News

Автор инфо

4 Responses to “Навечер може да ве изеде куче – без синџир ќе шетаат по 22 часот!”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.