Не го навредувајте Тимоние, Франција ни е пријател, рече Заев


Премиерот Зоран Заев повика да запрат критиките и навредите кон амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние, и рече дека сите сега треба да се работи на тоа да ѝ се укаже на Франција да си ја провери својата одлука.

„Вакви критики и настапи се непотребни. Испраќам порака на укажување за сите кои имаат критички и навредлив настап кон претставникот на Република Франција во Северна Македонија, а тоа е амбасадорот Тимоние. Тој работи како пријател на нашта земја да ги укаже сите свои детали. Понекогаш не им е лесно на амбасадорите да ги доловат правците од министерството за надворешни работи каде се вработени, и од претседателот на државата, од премиерот, министрите и слично. Ние треба да работиме преку укажување на Франција да ја провери својата одлука, оти јасно ни кажа дека сега не е до нас, туку дека е до нив“, рече Заев во одговор на новинарско прашање.

Тој се огради од пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири кој во ТВ емисија рече дека францускиот амбасадор се советува со поранешен советник на претседателот Ѓорге Иванов. „Може некогаш да не повредуваат некои ставови на некои луѓе на некои поединци, како и овој пат, но имаме обврска да јакне нашето пријателство со нашите стратешки партнери, а тоа е Република Франција“, рече Заев.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1